Формулар за учество во 4 издание на #WikiGap edit-a-thon #DriveForDemocracy
Кога: 15 ноември 2021
Каде: онлајн
Контакт: +389 2 3297 880 или wikigapskopje@gmail.com
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Email *
Име и презиме *
Да го затвориме родовиот јаз #wikigap #drivefordemocracy #environment
За настанот
На 15 ноември 2021, со почеток од 17:00 часот, шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), организира трето издание на WikiGap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Северна Македонија и од светот, или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија, овојпат со посебен акцент на жените во заштитата на животната средина .

Со оглед на пандемијата со Ковид19 настанот ќе биде целосно онлајн, а веднаш по настанот ќе стартува уредувачка недела (16-22 ноември) со натпреварувачки карактер, во која најуспешните ќе бидат наградени.


Идејата е да профилираме жени од Северна Македонија и од светот кои дале значаен придонес во различните полиња на заштитата на животната средина - и во праксата, но и во науката и истражувањето, особено жени за кои не може да се најдат податоци на македонски јазик така лесно.

На овој начин сакаме да им оддадеме признание и благодарност за нивната пожртвувана работа во грижата за животната средина.

Статиите ќе бидат на македонски јазик и можат да бидат од два типа: а) статии за жени за кои нема статија на Википедија (или е многу оскудна), чија содржина ќе биде создадена врз основа на стручна литература и сигурни и веродостојни извори; б) преводи на веќе постоечки статии за жени на Википедија од англиски (или друг јазик) на македонски јазик.

Сите заинтересирани млади лица, студенти и млади активисти кои сакаат да придонесат за намалување на родовиот јаз во онлајн просторот и зајакнување на застапеноста на жените во онлајн Википедија енциклопедијата на македонски јазик.  За нивното учество ќе добијат сертификат од шведската амбасада дека земале учество во настанот. Оние пак кои ќе се вклучат и во натпреварувачката недела ќе имаат можност да добијат и награда. Повеќе информации за уредувачката недела и наградниот фонд може да се добијат на фејсбук страницата за настани посветена за ова издание на ВикиГап, како и на страницата на Википедија посветена за третото издание на ВикиГап.


По потврдата за учество и пред настанот, волонтерите ќе треба да се регистрираат на Википедија како уредувачи (доколку немаат веќе кориснички профил), најдоцна до два дена пред самиот настан. Потоа ќе им биде испратена е-пошта со практични информации за настанот.

Бројот на учесници ќе биде неограничен. Учесниците ќе имаат и можност да продолжат да создаваат, уредуваат и преведуваат статии и во периодот по настанот, и по завршувањето на натпреварувачката уредувачка недела.

Распоред на настанот:
15 ноември:
17:00 - 17:15 - Логирање на учесниците
17:30 - Кратко поздравно обраќање на амбасадорката на Шведска Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон и претставници на партнерските организации (видео обраќања)
17:45 - Презентација на Споделено знаење: Како се внесуваат содржини на Википедија
18:15 - 21:30 Уредување статии

Уредувачка натпреварувачка недела 16-22 ноември:
16 ноември почеток 07:00 часот
16-22 ноември: уредување во слободно време по избор на учесникот
22 ноември завршување на натпреварувачката недела во 23:59 часот.
 

Област на интерес - што учиш/работиш? *
Ќе учествуваш на: *
Дали досега си уредувал/а статии на Википедија?
Clear selection
Доколку ДА, кое е твоето корисничко име
За кои успешни жени и девојки од Северна Македонија и од светот кои дале значаен придонес во различните полиња на заштитата на животната средина - и во праксата, но и во науката и истражувањето, сметаш дека треба да се пишува?
Телефонски број за контакт
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy